Подареш синоќа беше обоен во портокалово, откако екипата на Даниел Инженеринг покажа доминација, допадлив фудбал и многу погодоци, вкупно 16 на два натпревари во една вечер на турнирот во мал фудбал „Подареш 2025“.
Екипата на Даниел Инженеринг најпрво убедливо го доби тимот на Гринс Ресторан кој немаше капацитет да му парира на одличниот и расположен противник, кој славеше со 6:3.
Потоа, Даниел Инженеринг одигра уште еден меч, уште една убедлива победа, откако го „здроби“ Подареш со 10:3, противникот беше инфериорен на теренот, додека пак Даниел Инженеринг во една вечер забележа две големи победи.
Натпреварот меѓу Оптимус и Бунарџик не се одигра, а екипата на Оптимус доби службена победа од 5:0.
Вечерва публиката во Подареш ќе може да проследи одново одлични натпревари, а програмата стартува со ревијален натпревар на дечињата на Детонит Плачковица од 20 часот.
Веќе од 21 часот соочување н Дивино против Алекс СИм, а пак од 22 часот Дивино ќе одигра нов меч против Еуро Дом Проекти.
Спортска Мрежа годинава е по првпат медиумски покровител на овој спортски настан.