Турнири

Инекс Олгица со триумф во Волино, Дејан Војвода го доби АД Галеб во меч со пет гола

Сподели
Сподели

Саботната програма на турнирот во мал фудбал „Богородица Куп“ во Волино донесе нова доза возбудувања и неизвесност.

Во првиот натпревар, тимот на Дејан војвода успеа да слави над АД Галеб со минимална предност од 3:2, покажувајќи карактер и цврстина во клучните моменти. Следеше дуелот помеѓу Оровник Танче Мирчески и Инекс Олгица, во кој „охридскиот хотел“ ја оправда фаворитската улога и славеше со 2:4.

Возбудата продолжи и на третиот меч, каде Мешеишта успеа да биде подобар од Лаз Бун со тесна победа од 3:2. Вечерта заврши со службена победа на Кафе бар Лавадо, кој без играње на терен го доби натпреварот против Ресорт Бате Боле со 1:0.

Атмосферата и во саботата беше на врвно ниво, со голем број љубители на фудбалот кои ги бодреа своите фаворити и уживаа во квалитетни мечеви.

  • Вечерната програма нуди уште поатрактивни пресметки:

20:00 Хотел Тино – Том гор
21:00 Сатеска – Искра
22:00 Ескобар – Екстра Скопско
23:00 Др Баткоски – Компани Стојкоски

Љубителите на малиот фудбал и добрата атмосфера повторно ќе имаат што да видат, бидејќи се очекуваат квалитетни дуели и борба за секој бод.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан по првпат годинава.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание...

Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!