Ракомет

Охрид го освои Струшкиот турнир, Блажески најдобар голман, Иванковиќ е МВП, Мечкароски најдобар стрелец

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Спортска Мрежа од Струга

Финалето на Струшкиот турнир помеѓу Охрид и Бутел се отвори со егал борба, но по 13 минути игра Бутел успеа да дојде до 2 разлика.

Тимот на Бутел сакаше да се надигрува и да покаже дека не е случајно во големото финале.

“Гладијаторите” во продолжението изрмнија на 6:6 по седумнаесет минути игра. Во 23 минута екипата на Охрид имаше гол предност од 10:9. Во 27 минута, Охрид дојде до плус два при 12:10.

Одличната игра на “гладијаторите” продолжи со плус три при 13:10. Па така, на полувреме се замина со резултат  14:11 за Охриѓани.

По 9 минути игра во второто полувреме, резултатот беше 17:14 за Охрид.

Во средината на второто полувреме предноста на Охрид се зголеми и на 5 гола разлика- 21:16.  Во 53тата минута Охриѓани стигнаа и до највисоки плус 6 – 26:20.

Амбициозниот Охрид успеа до крај да ја сочува позитивата и да го добие ова финале со конечни 30:24.

Охрид го освои Струшкиот турнир, а Бутел заврши на второто место.

Дарко Ѓукиќ со девет гола беше прв стрелец за Охрид, а шест гола имаше Анте Иванковиќ, кај Бутел, Давид Јаневски имаше седум гола.

На голот на Охрид блескаше Бобан Блажески со 11 интервенции.

За МВП на турнирот во Струга беше прогласен левиот бек на Охрид, Анте Иванковиќ.

Новиот голман на Охрид Бојан Блажески беше прогласен за најдобар голман.

Најдобар стрелец е Филип Мечкароски од РК Струга со 21 погодок.

Сега ракометните возбудувања се селат во Охрид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!