Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија пред клучен меч за ЕвроВолеј 2026 – во недела против Грузија во Скопје!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Нашите македонски одбојкари од вчера се повторно во Скопје, каде што во недела од 20:00 часот ќе ја пречекаат селекцијата на Грузија во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026. Овој дуел е решавачки за тоа дали Македонија ќе обезбеди пласман на четвртото континентално натпреварување по ред.

По поразот во Грција, каде што нашите одбојкари не успеаја да освојат ниту сет и да си ја олеснат задачата, сега единствена опција останува максимална победа над Грузија. Сигурен триумф од 3:0 со што поголема поен-разлика би значел пласман на ЕвроВолеј 2026.

Селекторот Јошко Миленкоски останува оптимист:


„Натпреварот со Грција го оставаме зад нас. Станува збор за силна репрезентација, составена од квалитетни играчи, кои тоа го покажаа на теренот. И покрај тоа, ние имавме добри моменти, особено во третиот сет кога стигнавме до две сет-топки, но не успеавме да ги искористиме. Сега сме целосно фокусирани на натпреварот со Грузија, кој мора да го добиеме со максимален резултат. Очекуваме полна сала и силна поддршка од нашите навивачи, заедно со кои верувам дека ќе стигнеме до посакуваниот резултат и ново учество на Европското првенство“, изјави Миленкоски.

Македонија е во борба за едно од петте места за најдобро второпласирани селекции, кои заедно со седумте првопласирани од групите ќе обезбедат билет за ЕвроВолеј 2026. Нашиот национален тим во моментов е во директна трка со Австрија и Норвешка, но со подобар поен-количник од двете репрезентации.

Затоа е клучно во неделниот дуел со Грузија македонските одбојкари да забележат победа со 3:0. Да се биде или не, сега е најважниот дуел на нашите одбојкари затоа им е потребна во што поголем број нашата верна публика да ги бодри во недела во 20:00 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Влезот за сите љубители на одбојката е бесплатен. Поддршката од трибините е повеќе од потребна! Да навиваме и да им посакаме успех на нашата одбојкарска репрезентација.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!