Втора лигаФудбал

ФК Победа започна со продажба на сезонски билети – клубот пред голема финансиска криза

Сподели
Сподели

Второлигашот Победа од Прилеп ја започна акцијата за продажба на сезонски билети. Со оваа иницијатива клубот се надева дека прилепчани ќе ја покажат својата љубов и страст во период кога „црвено-белите“ се наоѓаат во тешка финансиска состојба.

Сезонскиот билет чини 1.200 денари и нуди пристап до сите домашни натпревари во тековната сезона, брза и едноставна проверка на влез, како и можност за директна поддршка на клубот во овие тешки моменти.

Состојбата во ФК Победа е крајно алармантна. Иако Советот на Општина Прилеп на последната седница одобри финансиска помош од еден милион денари, сè уште постои неизвесност кога средствата ќе бидат префрлени, имајќи предвид дека веќе се распишани избори.

Доколку парите не стигнат навреме, Победа би можела автоматски да биде суспендирана и испадната во четврта лига, затоа што нема да може да присуствува на три последователни натпревари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!