Втора лигаФудбал

Кривична пријава против седум лица поради „местење“ на фудбалскиот натпревар ФК „Кожуф“- ФК „Башкими“, едно лице лишено од слобода

Сподели
Сподели

Денеска (15.08.2025) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, по претходно обезбедена наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претрес на две локации кај П.Ѓ. од Гевгелија, спортски директор на ФК „Кожуф“ од Гевгелија и по спроведена предистражна постапка, а по насоки на ОЈО Гевгелија, ОКП поднесе кривична пријава против Б.Х., претседател на ФК „Башкими“ од Куманово за кривични дела „измама“ по чл.247 ст.6 од КЗ, „неовластено давање на подароци“ по чл.253-а ст.4 од КЗ и „соизвршителство“ од чл.22 од КЗ, против П.Ѓ., спортски директор на ФК „Кожуф“ за кривични дела „измама“ по чл.247 ст.6 од КЗ, „неовластено примање на подароци“ по чл.253 ст.4 од КЗ и „соизвршителство“ од чл.22 од КЗ, како и против  А.Ј., фудбалер на ФК „Башкими“, С.Г., тренер на ФК „Кожуф“, Б.К., Ј.П. и К.С., тројцата фудбалери на ФК „Кожуф“ за кривични дела „измама“ по чл. 247 ст. 6 и „соизвршителство“ од чл.22 од КЗ.

Имено, првопријавениот Б.Х. во својство на претседател на ФК „Башкими“, со намера за својот фудбалски клуб да оствари пласман во Првата македонска фудбалска лига или бараж за влез во Првата македонска фудбалска лига, на фудбалски натпревар одигран на 06.05.2025 во Гевгелија помеѓу екипите на ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, ги довел во заблуда Фудбалската федерација на Македонија и останатите клубови- членки на федерацијата и ги држел и одржувал во заблуда со прикривање на факти што се однесуваат на лажиран спортски натпревар или наместен резултат на спортската игра, со неовластено давање на подароци на второпријавениот П.Ѓ. со намера истиот да ги запостави интересите на ФК „Кожуф“ и Фудбалската федерација на Македонија, што го организирала натпреварот, за да се постигне резултат кој не зависи од спортската игра и правилата на спортскиот натпревар, на начин што првопријавениот преку третопријавениот А.Ј. договорил средба и обезбедил телефонски контакт од второпријавениот П.Ѓ., на која средба присуствувале прво, второ и трето пријавениот, при што второпријавениот се согласил да прими и примил подарок од првопријавениот- пари во вредност од 10.000 евра, за себе и други лица.

П.Ѓ. пак по примањето на наградата, преку С.Г. влијаел врз Б.К., Ј.П. и К.С., кои прифатиле да не покажат доволно ангажирање на натпреварот согласно со нивните спортски можности и фудбалската игра, запоставувајќи ги интересите на ФК „Кожуф“, а во корист на ФК „Башкими“, со што на натпреварот бил постигнат резултат 1:2 во корист на ФК „Башкими“ и со така освоените три бода им овозможиле на ФК „Башкими“ да се пласираат на третото место во Втората македонска фудбалска лига, со што се стекнале со можност да играат во бараж за пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Еден од пријавените по насоки на јавен обвинител е лишен од слобода за обезбедување дополнителни докази и спроведен во ОЈО Гевгелија за натамошна постапка.

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Филип Поповски делегат на супер дербито од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид – Манчестер Сити

Фудбалерите на  Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе го одиграат едно од најголемите дербија во тековното коло од Лигата на шампионите, дуел кој...

Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига, а со тоа го имаме конечниот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона...

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола,...

Втора лигаФудбал

ИНТЕРВЈУ | „Среќни сме што сме на првата позиција, но ќе останеме присебни“ – Кочоски за Спортска Мрежа

ГФК Охрид и официјално ја заврши најуспешната есен во последната деценија. Тимот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!