Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Билјанини Извори тргна за Србија ќе настапи на престижниот меѓународен турнир „Школа спорта и језика – Сурдулица 2025“

Сподели
Сподели

Денес од Охрид, ЖФК Билјанини Извори отпатува за Сурдулица, Србија, каде од 16 до 21 август ќе го претставува Охрид и Македонија на престижниот меѓународен турнир „Школа спорта и језика – Сурдулица 2025“.

Охридскиот клуб, поранешен шампион на Македонија и учесник во квалификациите за Лигата на шампиони, во новата сезона влегува со полна мотивација и амбиција. Тимот е прв фаворит за освојување на шампионската титула во Втората женска фудбалска лига и враќање во елитното друштво.

Настапот во Сурдулица е поддржан од Општина Дебарца (главен спонзор за превоз) и Струга Трим Лум (главен спонзор), кои несебично го поддржуваат развојот и промоцијата на женскиот фудбал. Под водство на тренерот Александра Рубаноска, охридските девојки тренираат со голема посветеност и борбеност, подготвени да ја испишат најуспешната страница во историјата на клубот.

Турнирот ќе биде идеална прилика за проверка на формата, стекнување меѓународно искуство, културни активности и нови пријателства.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!