Турнири

ФОТО: Конзул Транс го “прегази” Инсајд Стил, Оливер Промет со нова победа на “Подареш 2025”

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Вечерва на турнирот во мал фудбал “Подареш 2025” се одиграа нови три натпревари, а кои понудија многу погодоци и доминантни победи.

Во првиот меч “шлеперите” на Конзул Транс го “прегазија” Инсајд Стил со тешки 7:1, во моќен меч на радовишкиот тим со што тимот претендира за првото место и освојување на турнирот.

Во вториот натпревар тимот на Оливер Промет тргна одлично откако на полувреме имаше 3:0 водство против Оптимус, но во вториот дел Оптимус го намали резултатот на 3:2, па со тоа се разгори ситуацијата во последните седум минути од мечот, а потоа донесе нова доза неизвесност и кај публиката.

ФОТО: Спортска Мрежа
ФОТО: Спортска Мрежа

Тимот на Оливер Промет на шест минути до крајот постигна гол за 4:2, а со тоа беше поставен и конечниот резултат за триумф на Оливер Промет.

Во последниот меч се соочија Ас Мк Подареш со Дивино, а исходот беше 0:5.

ФОТО: Спортска Мрежа

Утре (петок) е слободен ден на турнирот, а натпреварите продолжуваат во сабота.

Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал во Подареш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

Турнири

Познати полуфиналистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“ – четири екипи во битка за големото финале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се...

Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание...

Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!