Познати судиите кои ќе ја делат правдата на денешниот меч меѓу Брера Струмица и Арсими со кој ќе се комплетира осмифиналето од Куп на Македонија со што ќе бидат познати сите четвртфиналисти.
Натпреварот ќе се игра на СЦ „Пандев“ во Струмица, а правдата ќе ја дели Ангелчо Ристов, негови помошници ќе бидат Душко Панов и Давод Дишлиевски, а пак четврти судија е Блаже Петковски.
Делегат на средбата ќе биде Ненад Крстевски, а пак Јосип Бартон ќе биде контролор.
Натпреварот започнува во 13 часот.