Прва лигаФудбал

Бафто главен на дуелот меѓу Тиквеш и Вардар, Ѓоргиев главен во Струмица

Сподели
Сподели

Второто коло во Првата македонска фудбалска лига ќе стартува во петок, 15 август, со два натпревара, а ФФМ го објави комплетното делегирање на судиите и официјалните лица.

Во првиот натпревар од колото, Тиквеш ќе го пречека Вардар на Градскиот стадион во Кавадарци (17:00 часот). Главен судија ќе биде Фатмир Бафто од Охрид, со помошници Мишо Ѓорѓески и Горан Балески (двајцата од Охрид). Четврти судија е Благојче Ралевски (Битола), ВАР-судија Игор Стојчевски (Скопје), а АВАР Дарко Видиниќ (Скопје). Делегат на натпреварот е Антонио Насевски (Кратово).

Истовремено, во Гостивар, Аресими ќе се сретне со актуелниот шампион Струга Трим-Лум. Главен судија ќе биде Пларент Салихи (Тетово), со асистенти Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески (двајцата од Тетово). Четврти судија е Фуркан Идризи (Тетово), ВАР-судија Александар Урошевиќ (Тетово), а АВАР Вјолца Изеири (Гостивар). Делегат е Хајро Бабачиќ (Скопје).

Во сабота, 16 август, на програмата се два дуели. На стадионот „Ѓорче Петров“ во Скопје, Македонија Ѓ.П ќе ја пречека Шкендија. Главен арбитар е Јован Качевски (Струга), со помошници Разме Бакрачески и Климент Ристоски (двајцата од Струга). Четврти судија е Марјан Стојановски (Кичево), ВАР-судија Бењамин Ќерими (Скопје), а АВАР Гоце Петрески (Скопје). Делегат е Зоран Гелов (Кавадарци).

Во исто време, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Работнички ќе го пречека Башкими од Куманово. Главен судија е Доне Ристовски (Гевгелија), со асистенти Тоше Ицев (Кавадарци) и Роберт Црвенов (Велес). Четврти судија е Боби Величков (Велес), ВАР-судија Стојанче Трпчевски (Скопје), а АВАР Мартин Дејаноски (Кичево). Делегат е Тихо Чурлинов (Гевгелија).

Во недела, 17 август, Шкупи ќе игра против Силекс. Главен судија е Кирил Смоквоски (Прилеп), со асистенти Гоце Петрески (Скопје) и Дарко Видиниќ (Скопје). Четврти судија е Игор Стојчевски (Скопје), ВАР-судија Благојче Ралевски (Битола), а АВАР Владимир Митревски (Битола). Делегат е Благојче Ангелевски (Битола).

Колото ќе биде затворено во понеделник, 18 август, кога АП Брера Струмица на „Младост“ во Струмица ќе го пречека Пелистер. Главен судија е Крумислав Ѓоргиев (Штип), со асистенти Мартин Петковски (Куманово) и Александар Гигов (Штип). Четврти судија е Ндерим Тефику (Куманово), ВАР-судија Пларент Салихи (Тетово), а АВАР Фуркан Идризи (Тетово). Делегат е Павле Игнатов (Пробиштип).

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!