Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со Арсими.

Кратовскиот тим веќе е во резултатска криза, после трите порази, одигра двапати нерешено, па избраниците на Александар Васоски очекуваат, конечно, да дојдат до победа.

Силекс имаше претставник во репрезентацијата на Македонија во името на Ѓорге Џеков, кој сега е фокусиран целосно кон клупските обврски.

„Чувството да се биде дел од сениорската репрезентација беше одлично. Тоа беше сон од мали нозе кој ми се остварува, да бидам дел од националниот тим. Се се случи брзо и среќен сум за дебито, и секако, ќе работам напорно за да продолжам да бидам дел од Македонија“, рече Џеков.

Очекува Силекс, конечно, да дојде до победа.

„Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат. Сакаме да почнеме една победничка серија, и на крај да дојдеме до горните позиции на табелата, каде што сметам дека ни е местото“, изјави Џеков.

Мечот Арсими – Силекс се игра денеска со почеток во 13:00 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска...

ФудбалФутсал

Кеги Моби убедлив против СЕЕ Университи, трите бодови во Велес

Кеги Моби триумфираше над СЕЕ Университи и во Велес се враќа со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!