ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Талентираниот Адмир Љатифи ново засилување на хрватски Осијек

Сподели
Сподели

Еден од најперспективните македонски фудбалски таленти, младинскиот репрезентативец Адмир Љатифи, кариерата ќе ја продолжи во хрватскиот прволигаш Осијек. Осумнаесетгодишниот офанзивец потпиша тригодишен договор со клубот и ќе го започне својот прв интернационален предизвик.

Љатифи, кој настапува на крилните позиции, а по потреба и зад напаѓачите, веќе има значително искуство и покрај младите години. Во Првата македонска фудбалска лига има забележано 41 настап со дресовите на Беса и Македонија Ѓорче Петров. Фудбалските почетоци ги имаше во школата на Њу Старс, а во редовите на „лавовите“ пристигна во 2022 година.

По распадот на Беса, младиот офанзивец пронајде нова средина во Хрватска, со што започнува неговата интернационална кариера.

Љатифи е стандарден член на македонската репрезентација до 19 години и се смета за едно од најголемите ветувања на мак-фудбалот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!