Турнири

Утре стартува турнирот во мал фудбал „28-ми август“ во Пробиштип

Сподели
Сподели

Во Пробиштип утре ќе започне традиционалниот турнир во мал фудбал „28-ми август“, кој и годинава се организира по повод Успение на Пресвета Богородица и Денот на рударите.

Турнирот, кој важи за еден од најпрестижните во источна Македонија, ќе собере најдобрите екипи, а се игра за голем награден фонд. Првопласираната екипа ќе освои 150.000 денари, второпласираната 50.000 денари, а најдобриот голман и најдобриот играч ќе добијат по 5.000 денари.

  • Групи на турнирот:

Група А: Рамбо, Булмак, Панови
Група Б: УМС Паланка, Трга Транс, Атанасови
Група Ц: Дамјан Кратово, Брег Транс, Таб Мак
Група Д: Дамев Логистик, Пепси Травел, Ратавица

  • Прва вечер – Четврток, 14 август 2025:

20:00 часот Рамбо – Булмак
21:00 часот Дамјан Кратово – Брег Транс

Организаторот очекува возбудливи натпревари и одлична атмосфера, а Спортска Мрежа и оваа година медиумски ќе го поддржи настанот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бењамин Ќерими го доби соочувањето меѓу Скопје и Истатов, Блаже Петковски главен во Струмица

Денес ќе биде отворено шестото коло во Првата женска фудбалска лига со натпреварот во Пржино. Познати се и судиите кои ќе ја делат...

Втора лигаФудбал

Качевски ќе им суди на Камјани и Детонит, Пилешков на Пелистер и Охрид, Стојанов главен во Горно Лисиче

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од шестото коло на Втората македонска фудбалска лига. Колото се отвара со шест мечеви...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!