Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

„Филип Савовски оптимист: Ќе се бориме за максимум против Грција“

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонската машка одбојкарска репрезентација веќе е во Атина, и денес ќе го одигра веројатно најважниот натпревар од евро-квалификациите – гостувањето кај Грција. Овој меч може да биде пресуден за продолжување на континуитетот на нашата селекција на европските првенства.

Македонија се бори за место на ЕуроВолеј 2026 како една од најдобрите пет второпласирани екипи во групната фаза. Резултатите од досегашните натпревари ни одат во прилог, но сега сè е во наши раце – потребно е да одиграме максимално за себе и да направиме огромен чекор кон ново учество на континенталниот собир.

Противникот Грција, кој во последните три меѓусебни пресметки славеше трипати, влегува во мечот како фаворит и со предност на домашен терен. Сепак, нашите одбојкари не се исплашени – свесни се дека за да се стигне до најголемата награда, мора да се мине најтешката пречка.

„Дуелот со Грција е еден од најважните натпревари за нас ова лето. Одлично ја темпиравме формата, одигравме квалитетни пријателски средби кои ни покажаа што функционира добро и на што треба да работиме – и токму на тоа се фокусиравме деновиве. Анализиравме, поставивме тактика и верувам дека во одлична форма влегуваме во утрешниот меч.

Резултатите од останатите групи се во наша полза, а сега сè е во наши раце. Потребен ни е минимум еден сет против Грција, но нема да се задоволиме со минимумот – ќе одиме на максимум и зошто да не приредиме изненадување во Атина!?

Овој натпревар носи огромно значење – пласман на Европско првенство, и сите сме свесни за тоа. Мотивацијата и инспирацијата се на највисоко ниво, желбата е голема и сигурен сум дека ќе прикажеме добра игра, а зошто да не и да дојдеме до победа. Тимот е здрав, расположението е одлично и атмосферата е позитивна, а верувам дека тоа ќе се преслика и на теренот,“ изјави оптимистички средниот блокер Филип Савовски.

Денес во 19:00 часот во салата „Мелина Меркури Рентис“  во Атина, Грција ќе ја пречека Македонија за нов меч и за нова наша среќа.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Дамите на Медитерански игри против Косово, Алжир, Грција и Турција

По завршувањето на учеството во Европската лига 2026 втора акција за женската...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 21 година минимално поразена од Бугарија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година е поразена од соодветната селекција...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Да постигневме гол од двете шанси, мечот ќе отидеше во друга насока

Селекторот на македонската репрезентација Гоце Седлоски, по натпреварот против Босна и Херцеговина...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија непоразена против БиХ на пријателскиот натпревар во Сараево

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови против селекцијата на Босна и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!