Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Капитенката Попјордановска со порака: „Секое искуство е позитивно, но мора повеќе работа“

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската А репрезентација на Македонија го заврши своето репрезентативно лето со натпреварот против Австрија во Виена, во рамките на евро-квалификациите. Ова лето, по подолго време, одбојкарките имаа две акции – настап во Европската Сребрена лига и вториот круг од квалификациите за Европското првенство 2026.

Учеството во Сребрената лига беше историско, со оглед дека по 17 години Македонија запиша победа на европско тло. Тимот заврши со два триумфи во шест меча, како и еден пораз од 3:2, со кој освои бод против фаворит.

Во евро-квалификациите шансите за пласман беа минимални поради силните ривали, а тоа се потврди и резултатски. Сепак, капитенот Емилија Попјордановска истакна дека екипата играла подобро од претходните дуели со Австрија и дека им недостигаат пријателски средби за стекнување искуство и градење победнички дух.

„Оставаме зад нас уште една репрезентативна сезона. Евро-квалификациите поминаа според очекувањата, иако сите верувавме дека против Австрија можевме да освоиме сет. Бевме блиску – првите два сета беа тесни, а во вториот имавме предност од 23:22, но не ја искористивме шансата.

Радува фактот што се покажавме во подобро светло од претходните средби со истиот ривал. Видовме каде сме и знаеме дека може и мора многу повеќе, доколку работиме сериозно во текот на целата сезона. Затоа, убедена сум дека ни се потребни пријателски натпревари со квалитетни екипи, каде ќе стекнуваме искуство, ќе го градиме победничкиот дух и ќе растеме како тим.

Секое репрезентативно искуство е позитивно, иако оваа генерација мора да го мине потешкиот пат и да се носи со поразите. Се надевам дека ќе го задржиме континуитетот и ќе мотивираме помлади играчи да ни се приклучат,“ изјави капитенот и една од најискусните одбојкарки на Македонија.

По завршувањето на репрезентативните обврски, девојките сега се насочуваат кон клупските предизвици во новата сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал: Одиме ден по ден, натпревар по натпревар, таков е и нашиот менталитет!

Селекторот на Македонија со свои размислувања на првиот собир во „Т Арената“...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Тројца Крушевчани на чело на македонската одбојка

Крушево е еден од најпознатите одбојкарски центри во Македонија. Иако денес во...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пешиќ, Берокал и Грујиќ предаваа на тренерската клиника во Скопје

Кошаркарската федерација на Македонија во Скопје ја одржува задолжителната тренерска клиника, наменета...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Димитријевиќ: Нашата цел е настап на следното ЕП, ќе дадам се од себе за да го оствариме тоа!

По кратката пауза, Ненад Димитријевиќ повторно е со македонската сениорска репрезентација и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!