Втора лигаФудбал

Слога Виница со две нови засилувања за новата сезона

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Слога 1934 од Виница го засили својот состав во пресрет на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, ангажирајќи двајца фудбалери кои ќе го облечат црвено-белиот дрес.

Првото засилување е добро познато име за виничани – Даниел Иванов, кој повторно се враќа во клубот. Тој доаѓа од шведската екипа Малме Македонија, а во минатото настапуваше за повеќе македонски второлигашки клубови, оставајќи силен впечаток со својата игра и искуство.

Второто ново име е голманот Максим Краљевски, кој пристигнува од младинскиот погон на Вардар. Тој важи за еден од најперспективните млади голмани во државата, а беше клучна алка во младинската шампионска генерација на „црвено-црните“.

Од клубот истакнуваат дека двете нови засилувања ќе донесат свежина и квалитет во составот и дека од нив се очекува значаен придонес во остварувањето на амбициите за претстојната сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Шампионот Проект убедливо ја отвори сезоната: Шест гола во мрежата на Јувентус Серава

Македонскиот футсал шампион Проект со убедлива победа ја започна одбраната на титулата,...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесе мечот во Струмица: Беласица сака конечно победа, Пелистер да биде на врвот

Денес ќе се комплетира седмата рунда на Втората македонска фудбалска лига со...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!