Турнири

ФОТО: Третата вечер на Богородица Куп 2025 донесе високи победи за АД Галеб, Инекс Олгица и Аце Најдески

Сподели
Сподели

Во Волино, третата вечер од турнирот продолжи со интензивни натпревари и голови кои ја задржаа публиката на нозе.

Екипата на АД Галеб го однесе триумфот над Оровник Танче Мирчески со резултат 4:2, покажувајќи цврста одбрана и ефикасен напад.

Силна партија одигра и тимот на Инекс Олгица и Спа, кој убедливо го победи составот на Дејан Војвода со 4:1, оставајќи јасен знак дека еден од фаворитите е во одлична форма.

Во последниот дуел за вечерта, Аце Најдески славеше со 4:2 против Мешеишта, запишувајќи важна победа во групната фаза.

Турнирот продолжува со нови возбудувања и натпревари, а сите љубители на фудбалот со нетрпение ги очекуваат следните средби.

Годинава Спортска Мрежа по првпат е медиумски покровител на овој турнир.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Дисциплинирана игра и концентрација за позитивен резултат“ – Кукуловски пред дуелот со Тиквеш

Во рамки на 16. коло од ракометната Супер лига, ГРК Тиквеш 2014 ќе го пречека ГРК Охрид утре (10 декември), во спортската сала...

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново со прво зимско засилување – пристигна Владимир Жоглев

Второлигашот Шкендија од Арачиново за вториот дел од сезоната го претстави првото зимско засилување – се работи за искусниот Владимир Жоглев кој пристига...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Електро Петар славеше во меч со 18 гола, триумф за Еклер Транс на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково...

Турнири

ФОТО: Пицерија Дивино со лото победа, Џокер Фурка со убедлива победа на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал...

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со...

Турнири

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!