Ракомет

ФОТО: „Дробилицата“ ги започна подготовките – целта е влез во Суперлигата!

Сподели
ФОТО: РК Македонија ЃП
Сподели

Екипата на Македонија Ѓорче Петров ги започна подготовките за новата сезона, а во која сезона ќе атакува првите две позиции, првото место води директно кон Суперлигата, а пак второто место води кон баражот за елитата.

„Дробилицата“ го имаше првиот собир и првиот тренинг на отворено, а потоа ќе се тренира во сала, по што ќе следуваат и пријателските натпревари за проверка на формата.

Клубот се засили со бековите Бобан Петров и Дарко Рангелов, а клубот ги претстави и Александар Грујевски кој игра на крилната позиција, како и Обрен Фичуроски кој ќе биде одлично засилување во одбраната. Како што дознава Спортска Мрежа клубот од Ѓорче е во финална фаза од преговорите со четири ракометари.

ФОТО: РК Македонија ЃП

Клубот ќе го води Дејан Цветановски, а се задржани клучните играчи од минатата сезона.

„Особено сме горди што во конкуренција влегуваат и нашите младинци, кои ќе собираат драгоцено прволигашко искуство. Во кадетска конкуренција при крај се преговорите со седум нови играчи кои би се придодале на минатогодишниот ростер со што сигурно би се бореле за едно од првите три места во групата и пласман на Ф-4. Во пионерска лига исто така ќе се бориме за висок пласман, а доколку се остварат најавите за оформување на лига за мини ракомет ќе пријавиме сигурно една или две екипи. Работиме на долгорочен план да обезбедиме играчи од сопствен погон. Во исто време инвестираме и во развој на тренерскиот кадар. На модулот за тренери што ќе се одржи оваа есен од нашиот клуб ќе бидат испратени двајца млади тренери“, велат од клубот за Спортска Мрежа.

Македонија ЃП новата сезона ја отвара против Мулти Есенс, што значи дека уште во рамки на првото коло ќе гледаме дерби, а новата сезона треба да започне на 13/14 септември.

ФОТО: РК Македонија ЃП

Новата сезона ќе биде навистина неизвесна кога е во прашања позициите кои водат кон Суперлигата, покрај Македонија ЃП, отворени планови и амбиции имаат и Младост од Богданци, Драчево Јуниор и Мулти Есенс.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!