Младински фудбалФудбал

„Млади Шампиони“ ги отвора вратите за идните фудбалски ѕвезди

Сподели
Сподели

Нова приказна за нови шампиони наскоро започнува во Скопје! Фудбалската школа „Млади Шампиони“ започнува со уписи за деца од генерациите 2014 до 2020 година, а првите тренинзи ќе се одржат на 25 август 2025 година.

Тренинзите ќе ги водат лиценцирани тренери, а основачи на школата се искусниот фудбалски стратег Александар Таневски и искусниот фудбалер Даниел Аврамовски, кои најавуваат работа по современи методи и максимална посветеност на развојот на младите таленти.

Локацијата на тренинзите е теренот на ООУ „Страшо Пинџур“ во населбата Даме Груев, Скопје. За првите членови е обезбедена и гратис опрема за тренинг, како дополнителен мотив за почеток на спортското патување.

За сите заинтересирани родители, повеќе информации може да се добијат на телефонскиот број на Филип Илиќ: +389 78 220 809.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бењамин Ќерими го доби соочувањето меѓу Скопје и Истатов, Блаже Петковски главен во Струмица

Денес ќе биде отворено шестото коло во Првата женска фудбалска лига со натпреварот во Пржино. Познати се и судиите кои ќе ја делат...

Втора лигаФудбал

Качевски ќе им суди на Камјани и Детонит, Пилешков на Пелистер и Охрид, Стојанов главен во Горно Лисиче

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од шестото коло на Втората македонска фудбалска лига. Колото се отвара со шест мечеви...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Качевски ќе им суди на Камјани и Детонит, Пилешков на Пелистер и Охрид, Стојанов главен во Горно Лисиче

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од шестото коло...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Пелистер не го запира ништо: Триумф над Ас Јунајтед во Струга за минус еден бод од лидерот Љуботен

Новалијата во Првата женска фудбалска лига, Пелистер, продолжува со одличните резултати откако...

Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе им суди на Шкендија и Башкими, Доне Ристовски на Вардар и Шкендија Арачиново

Познати се судиите и официјалните сите за четири од пет натпревари од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!