Прва лигаФудбал

ФОТО: Историски бод за Арсими во ПМФЛ откако ремизираше со Башкими во Куманово

Сподели
Сподели

Ланските второлигаши Башкими и Арсими ги поделија бодовите во воведното коло од Првата македонска фудбалска лига, одигрувајќи возбудлив натпревар во Куманово кој заврши 1-1.

Пред полни трибини и во топли временски услови, домаќинот започна поагресивно и создаде неколку изгледни шанси преку Аденкуле, Аскар и Хаџиќ, но без реализација. Арсими се бранеше дисциплинирано и чекаше шанси од контранапад. Во 25. минута ВАР поништи одлука за пенал за гостите, сигнализирајќи дека фаулот над Бесагиќ бил надвор од шеснаесетникот.

Сепак, шест минути подоцна токму Бесагиќ со прецизен слободен удар од работ на 16-те метри го отвори резултатот и го донесе Арсими во водство. До паузата, Башкими имаше статива преку Аденкуле и голема шанса за Хаџиќ, но резултатот остана 0-1.

Во второто полувреме, домашните продолжија со иницијатива и во 62. минута новодојдениот Марко Симоновски израмни на 1-1, предизвикувајќи ерупција на трибините. Башкими беше блиску до целосен пресврт кога Ајдоган ја погоди пречката, но и гостите преку Рамадани имаа златна прилика да си заминат со сите три бода, која не ја искористија.

Дуелот заврши со фер поделба на бодовите, со што Арсими го запиша својот прв историски бод во елитата, а Башкими ја започна сезоната со реми пред својата публика.

Сподели
Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!