Прва лигаФудбал

ФОТО: Струга ја отвори сезоната со победа над „лавовите“

Сподели
Сподели

Струга Трим Лум со сигурни 2-0 го совлада повратникот во елитата Македонија ЃП, во првото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Првиот дел мина мирно сè до самиот финиш, кога во 43. минута Компаоре ја затресе мрежата на гостите, но ВАР-интервенција го поништи голот поради игра со рака – прв ваков случај во мак-фудбалот.

Само две минути подоцна, во екстра-времето, Маудо Ламине Жарју со удар со глава по центаршут ја реализираше првата вистинска шанса за водство на стружани.

Во второто полувреме, домаќините ја контролираа играта, а Македонија ЃП можеше да израмни во 58. минута, но обидот на Дошев беше исчистен од казнениот простор.

Дилемата околу победникот ја реши Компаоре во 75. минута, по одлична асистенција на нововлезениот Христијан Малески.

Дебито во дресот на Струга го запиша и Кирјакос Мазоулоуксис – единствениот грчки фудбалер во ПМФЛ сезонава.

Струга со оваа победа ја започна сезоната според планот и најави дека повторно ќе биде меѓу фаворитите за висок пласман односно борба за титулата.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!