Прва лигаФудбал

ФОТО: Вардар моќно стартува – четири гола во мрежата на Пелистер

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Најтрофејниот македонски клуб Вардар со убедлива победа од 4-1 над големиот ривал Пелистер го отвори новиот шампионат во Првата македонска фудбалска лига. На Националната Арена „Тодор Проески“, пред повеќе од 5.000 гледачи и во врел дерби-амбиент со „Комити“ и „Чкембари“ на трибините, „црвено-црните“ ја демонстрираа својата надмоќ.

Херој на вечерта беше Димитар Данев, младински репрезентативец и ново засилување од Работнички, кој двапати ја тресеше мрежата на битолчани. Голот за водство (1-0) го постигна во судиското продолжение на првото полувреме, по одлична акција и асистенција на Азер Омерагиќ.

Вториот дел започна со мајсторија на Роџерс Мато, кој во 50. минута од работ на шеснаесетникот со прецизен удар зголеми на 2-0. Пелистер се врати во игра во 65. минута преку Лука Булатовиќ, кој со првиот допир по влезот во игра намали на 2-1.

Сепак, надежите на „зелено-белите“ ги згасна Данев, кој во 80. минута со лева нога ја погоди целта за 3-1, а конечните 4-1 ги постави Диего Кастенада во самиот финиш со ефектна завршница во мал простор.

Вардар со оваа победа најави дека е подготвен за уште една силна сезона, а Пелистер ќе мора брзо да ја залечи раната пред следните предизвици во ПМФЛ.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 доминантен во Радовиш, Пролет сигурен во Струга

Во рамките на плеј-аут фазата од ракометната Суперлига беа одиграни два натпревари, на кои гостинските екипи Еурофарм Пелистер 2 и Пролет запишаа важни...

Ракомет

„Ќе биде тежок меч, но веруваме во успех!“ – Охрид подготвен за предизвикот!

Охрид е пред уште еден голем европски предизвик, натпревар што носи тежина, притисок, но и огромна можност за успех. Во пресрет на реваншот...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Дисциплинска одлука: ГФК Тиквеш -3 бода и 1.000 евра поради лажни легитимации, казна и за Димитриев

Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука поврзана со натпреварот меѓу ФК...

ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача...

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!