Ракомет

Ројевиќ: Сигурно е дека нашите амбиции се да победуваме против најсилните македонски екипи!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометниот клуб ГРК Охрид влегува во новата сезона со големи амбиции и јасна цел – борба за самиот врв. По интензивниот летен преоден рок, во кој беа ангажирани неколку интернационалци со докажан квалитет, клубот испраќа порака дека е подготвен за највисоки предизвици.

Новиот кормилар на охридскиот колектив, српскиот стратег Борис Ројевиќ, ја презеде функцијата пред стартот на подготовките и веднаш се зафати со предизвикот да ја постави основата на еден конкурентен и силно мотивиран тим. Клучните играчи од минатата сезона останаа да бидат дел од тимот, додека ростерот беше надграден со неколку домашни и странски имиња кои ќе донесат дополнителен квалитет и искуство.

Ројевиќ го поздравува односот и залагањето на ракометарите во првите денови од работата, но е свесен дека е неопходно време за играчите целосно да се усогласат и да ја изградат потребната тимска хемија.

,, Навистина сум презадоволен од почетокот, како работат момците, од залагањето, од односот на сите во клубот и имам само зборови на благодарност. Фокусот е на нас. Имаме нова екипа ќе ни треба малку повеќе време да се воиграме, но ќе гледаме што побрзо да влеземе во форма и што порано да даваме добри партии ”, вели Ројевиќ.

Со вакви подготовки и подновен состав, Охрид се наметнува како еден од скриените адути во претстојната сезона — тим што може сериозно да им ги помати сметките на фаворитите и да го предизвика статусот на доминантните клубови како Еурофарм Пелистер и Вардар.

,, Ќе ни треба време да видиме до каде сме, сигурно е дека наши амбиции се ГРК Охрид да почне да победува против најсилните екипи во Македонија ”, истакнува Ројевиќ.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бењамин Ќерими го доби соочувањето меѓу Скопје и Истатов, Блаже Петковски главен во Струмица

Денес ќе биде отворено шестото коло во Првата женска фудбалска лига со натпреварот во Пржино. Познати се и судиите кои ќе ја делат...

Втора лигаФудбал

Качевски ќе им суди на Камјани и Детонит, Пилешков на Пелистер и Охрид, Стојанов главен во Горно Лисиче

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од шестото коло на Втората македонска фудбалска лига. Колото се отвара со шест мечеви...

Поврзани написи
Ракомет

Хрватски судии за европскиот двомеч на Тиквеш со Еш

Тиквеш ги доби официјалните лица за двата натпревари против Handball Esch од...

Ракомет

Мајдоуб: Ништо не е загубено, сезоната е само на почетокот – против Вардар ќе го дадеме максимумот

Несреќниот пораз од Прилеп е минато, Младост се фокусира на следните предизвици...

Ракомет

Паунков: Мора да го оставиме овој несреќен пораз од Прилеп зад нас, против Вардар да покажеме добра игра

Младост испушти победа од раце против Прилеп на домашен терен, од плус...

Ракомет

Драма до последната секунда: Вардар за малку до сензација против Нант

Вардар беше на чекор до голем триумф во „Јане Сандански“, но Нант...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!