Ракомет

Одредени официјалните лица за Струшкиот турнир 2025

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Подготовките за 53. издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга се веќе при крај, а организаторите активно работат на финализирање на сите детали за еден од најдолговечните турнири во Европа.

Веќе се познати и официјалните претставници кои ќе бидат задолжени за деветте натпревари покрај Eзерото – судиски парови и делегати.

На листата се наоѓаат искусните ЕХФ судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, дуото Методија и Михајло Илиевски, како и парот Виктор Андонов и Стојанче Јовановски.

Како делегати на турнирот ќе настапат Камер Металари, Душко Камишевски, Славчо Каланоски и Марјан Огњановски.

Оваа година на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ ќе настапат вкупно шест екипи – четири од Македонија и две од странство.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бењамин Ќерими го доби соочувањето меѓу Скопје и Истатов, Блаже Петковски главен во Струмица

Денес ќе биде отворено шестото коло во Првата женска фудбалска лига со натпреварот во Пржино. Познати се и судиите кои ќе ја делат...

Втора лигаФудбал

Качевски ќе им суди на Камјани и Детонит, Пилешков на Пелистер и Охрид, Стојанов главен во Горно Лисиче

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од шестото коло на Втората македонска фудбалска лига. Колото се отвара со шест мечеви...

Поврзани написи
Ракомет

Хрватски судии за европскиот двомеч на Тиквеш со Еш

Тиквеш ги доби официјалните лица за двата натпревари против Handball Esch од...

Ракомет

Мајдоуб: Ништо не е загубено, сезоната е само на почетокот – против Вардар ќе го дадеме максимумот

Несреќниот пораз од Прилеп е минато, Младост се фокусира на следните предизвици...

Ракомет

Паунков: Мора да го оставиме овој несреќен пораз од Прилеп зад нас, против Вардар да покажеме добра игра

Младост испушти победа од раце против Прилеп на домашен терен, од плус...

Ракомет

Драма до последната секунда: Вардар за малку до сензација против Нант

Вардар беше на чекор до голем триумф во „Јане Сандански“, но Нант...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!