Втора лигаФудбал

ФОТО: Детонит Плачковица се засили со три млади фудбалери – Блажески, Шаренковски и Пивковски

Сподели
Сподели

Второлигашот Детонит Плачковица продолжува со промоција на нови играчи – денес во Радовиш беа претставени Валентин Блажески, Мартин Шаренковски и Мартин Пивковски.

Блажески кој има 19 години во Детонит Плачковица доаѓа од редовите на Њу Старс, каде настапува од 2021 година, а претходно младиот талентиран фудбалер од Охрид беше дел од Охрид Топ Тим и Академија Пандев 10 каде ги направи своите први фудбалски чекори.

18-годишниот Шаренковски е дете на Брера, а игра во средниот ред. Левиот бек Пивковски кој има 20 години, низ кариерата покрај за Брера Струмица настапуваше и за Кожуф, Новаци.

Новата сезона екипата на Детонит Плачковица ја отвара со гостување кај новиот второлигаш Големо Коњари, а првото коло се игра на 23 август.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!