ИнтернационалциФудбал

Прв европски пораз за Шкендија, реваншот ќе биде одлучувачки

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Македонскиот шампион Шкендија го претрпе првиот пораз ова лето во Европа, и тоа на домашен терен против силниот Карабах од Азербејџан, со минимални 0-1, во првиот натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

На Националната Арена „Тодор Проески“, пред околу 18.000 гледачи, меѓу кои и верните Балисти, Шкендија не успеа да ја повтори ефективната игра од претходните рунди. Тетовци влегоа во мечот без промени во почетниот состав, но една невнимателна ситуација ја одбележа средбата – пенал по старт на Вебстер над Леандро Андраде.

По прегледот на ВАР-системот, главниот судија покажа на белата точка, а Турал Бајрамов беше прецизен реализатор за водство на Карабах уште во 18. минута.

По примениот погодок, Шкендија се разбуди. Имаше неколку добри шанси преку Бесарт Ибраими, Алхасан, па и нововлезените Зејнулаи и Ќака. Но, сите удари беа или непрецизни или одбранети од одличниот Матеуш Кохалски.

На спротивната страна, африканскиот голман на Шкендија, Бубакар Геје, беше херојот на вечерта. Тој спречи сигурни голови на Зубир и Акунѕаде, и не дозволи Карабах да замине со поубедлив резултат.

Во второто полувреме, тренерот Беќири се обиде со тактички измени да внесе живост во играта, но и покрај неколкуте добри обиди, резултатот остана непроменет.

Шкендија имаше дури и зицер шанси во финишот, но Ибраими, Тамба и Ќака не успеаја да ја затресат мрежата на Кохалски. Последниот обид во 88. минута повторно заврши право во рацете на голманот.

Сега пред македонскиот првак стои јасна задача – во реваншот во Баку ќе мора да слави со најмалку еден гол разлика за да остане во трката за пласман во плејофот од Лигата на шампионите. Таму го чека победникот од дуелот Лудогорец – Ференцварош.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Шампионот Проект убедливо ја отвори сезоната: Шест гола во мрежата на Јувентус Серава

Македонскиот футсал шампион Проект со убедлива победа ја започна одбраната на титулата,...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесе мечот во Струмица: Беласица сака конечно победа, Пелистер да биде на врвот

Денес ќе се комплетира седмата рунда на Втората македонска фудбалска лига со...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!