Останато

Македонски успех на Neotel Open 2025 – титула за Грујиќ во двојки, финале за Митевска!

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонските млади тенисери имаа успешен настап на меѓународниот турнир Neotel Open 2025, кој вчера заврши во Скопје и се одржа за тенисери и тенисерки до 16 години.

Во машката конкуренција во двојки, Александар Грујиќ, заедно со својот партнер Кристијан Стефанов од Бугарија, го освоија трофејот. Тие во финалето со сигурни 2-0 во сетови (6-3, 6-2) ги совладаа вторите носители – Стефан Мојсејев од Србија и Диого Филепе Силва Ордоњо од Португалија.

На патот до титулата, во полуфиналето ја совладаа двојката Давид Грабул (Македонија) и Задиг Добринине (Франција) со 2-0 (6-3, 7-5), додека во четвртфиналето беа подобри од Лука Кировски (Македонија) и Лука Глуцк (Германија), исто така со 2-0 (6-3, 6-2). Најтешкиот натпревар го имаа во второто коло, кога во три сета (4-6, 7-6, 10-3) ги совладаа Германците Матијас Гетинг и Аурелиус Херц.

Кај девојките, Сара Митевска блескаше во поединечната конкуренција и стигна до големото финале. Таа на својот пат ги победи Ирис Димопулу од Грција (6-1, 6-0), Ангелина Вишеневска од Украина (6-2, 6-0), Софија Сарач од Австралија (6-3, 6-2) и Дионисис Кукули од Грција (6-3, 6-1).

Во финалето, Митевска беше поразена од кинеската тенисерка Фангју Шанг со 2-0 во сетови (6-3, 6-1), но нејзиниот настап останува за почит.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Пелистер Волеј ја задржа својата надеж – Мила Андоновска останува во Битола

Женскиот одбојкарски клуб Пелистер Волеј продолжува да го гради тимот за новата натпреварувачка сезона, а раководството обезбеди продолжување на соработката со младата одбојкарка...

Турнири

Ораовица 2026: Почнува осминафиналето – секој пораз значи крај на турнирот!

Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, кој традиционално се одржува во радовишкото село Ораовица, влегува во највозбудливата фаза. Вечерва стартува осминафиналето, каде што...

Поврзани написи
Останато

Пелистер Волеј ја задржа својата надеж – Мила Андоновска останува во Битола

Женскиот одбојкарски клуб Пелистер Волеј продолжува да го гради тимот за новата...

Останато

Филип Деспотовски супервизор на БВА Балканскиот шампионат У17 жени

Генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија, Филип Деспотовски, ја извршуваше функцијата...

Останато

Елена Мицковска избрана во Управниот одбор на Светската федерација за училишен спорт

Македонскиот спорт доби уште едно големо меѓународно признание. Претседателката на Федерацијата на...

Останато

ФОТО: ПК „Три Дисциплини“ доминираше на „Охрид Опен 2026“ – најтрофеен клуб со 41 освоен медал

Пливачкиот клуб „Три Дисциплини“ оствари извонреден успех на Шестиот меѓународен пливачки митинг...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!