Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија немоќна против Грција – пораз во Скопје без освоен сет!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија, очекувано, доживеа пораз од селекцијата на Грција со 0:3 (8:25, 11:25, 19:25) во претпоследниот натпревар од квалификацискиот циклус за Европското првенство 2026.

Македонската селекција веќе немаше шанси за пласман на Европското првенство, па натпреварот со фаворизираната Грција претставуваше можност за достојно претставување пред домашната публика, во последниот меч ова лето на домашен терен. Сепак, избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ успеаја да парираат само во третиот сет, додека во првите два беа целосно надиграни од поискусниот противник.

Грција, која веќе го обезбеди своето место на ЕуроВолеј 2026, целосно го контролираше натпреварот и доминираше во сите сегменти на играта. Предводена од ефикасните Тикманиду со 14 и Бака со 12 поени, гостинската репрезентација не остави простор за изненадување. Македонската селекција се соочи со сериозни проблеми – бројни технички грешки, нестабилен прием и слаба игра во дефанзива, а не успеа да најде решение ниту за цврстиот грчки блок, кој забележа дури 12 поени.

Најголема борбеност македонските одбојкарки покажаа во третиот сет, кога поведоа со 3:0, а потоа и со 17:12 по серија од 7-0. Сепак, искусната грчка селекција контролата ја врати и го завери триумфот без загубен сет.

Најефикасна во нашиот тим  беше Теа Терзиевска со 12 поени, додека Ива Стојкоска и Мери Бошковска постигнаа по четири, а Тамара Стојанова и Лиља Ковачевиќ запишаа по три поени.

Квалификацискиот циклус Македонија ќе го затвори на 9 август, со гостување во австрискиот град Хартберг каде ќе се соочи со репрезентацијата на Австрија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!