Останато

Август во знакот на младинскиот тенис: Четири меѓународни турнири во Скопје

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Месец август ќе биде целосно во знакот на младинскиот тенис, откако Скопје ќе биде домаќин на четири меѓународни турнири за тенисери и тенисерки во младинска конкуренција. Станува збор за два турнири од рангот J60 и два од рангот J30 во календарот на ITF (Меѓународната тениска федерација).

Првиот турнир веќе започна со квалификациите, а главната програма ќе се одигра од 4 до 10 август. Станува збор за J60 Neocom Open 2025, кој ќе се игра на терените на ТК Југ во Градскиот парк во Скопје. Непосредно по него, од 11 до 17 август, ќе се одржи и вториот турнир од истиот ранг, J60 Jug Open 2025, повторно на терените на ТК Југ.

Од 18 до 24 август ќе се одржи првиот турнир од рангот J30 – Inteko Open 2025, исто така на терените на ТК Југ. Последниот, четврти по ред, ќе биде Pointer Tennis Park Open 2025, кој ќе се игра на терените на ТК Поинтер од 25 до 31 август.

Овие турнири претставуваат значајна можност за младите македонски тенисери и тенисерки да се натпреваруваат на меѓународно ниво, да освојат вредни поени и да стекнат искуство на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!