ФудбалЧетврта лига

Четвртолигашот Огражден од Ново Село промовираше неколку нови засилувања – клубот гради сериозен ростер!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Огражден од Ново Село кој во новата сезона ќе се натпреварува во Општинската фудбалска лига во Струмица односно Четврта лига по ранг на натпреварување договори неколку нови засилувања.

Клубот се засили со Драган Дојчинов, Мирче Стоилов, Јован Дрвошанов, Ристе Грендов и Роберт Јанев, кои ќе го носат „црно-жолтиот“ дрес.

Дојчинов е млад и талентиран 15-годишен фудбалер, Стоилов кој има 20-години доаѓа од редовите на второлигашот Беласица. Дршованов има 19-години, а доаѓа од Брера Струмица, претходно настапуваше за Беласица и некогашниот третолигашот Спартмани од Градско Балдовци.

Грендов, пак има 18-години, а во минатото беше дел од Брера Струмица, 23-годишниот Јанев пак доаѓа од редовите на Хоризонт Турново.

Претходно, како што веќе објави Спортска Мрежа ростерот на Оргажден беше засилен со Костадин Наковски, Адам Зимбаков, Александар Коцев, Никола Јарков, Спасе Терзиев и Никола Трајков.

По неколку години пауза во Струмица се враќа Општинската фудбалска лига, а според информациите на Спортска Мрежа се очекува да настапат повеќе од осум екипи со што конечно ќе се врати фудбалот на локално ниво кои ќе биде застапен во повеќе средини низ струмичко.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!