КупФудбал

Извлечени куп-двојките: Победа Валандово против Брегалница, Јени Маале со Шкендија, Кожуф со Шкупи

Сподели
Сподели

По извлекувањето на натпреварувачките парови за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа извлечени и двојките за првото коло од Купот на Македонија.

Во оваа фаза ќе се натпреваруваат главно екипи од пониските лиги, додека актуелниот освојувач на трофејот – Вардар, како и уште неколку прволигаши, директно се пласирани во втората рунда.

Натпреварите од првата рунда ќе се играат на еден меч, а во случај на нерешен резултат по 90 минути, ќе следува изведување на пенали за добивање победник.

Парови за 1. коло од Купот на Македонија:

  • Башкими Јаболчиште – Детонит Плачковица
  • Шкендија Арачиново – Саса
  • Беласица – Арсими
  • Јенимаале – Шкендија
  • Карбинци – Работнички
  • Евротип – Силекс
  • Победа Валандово – Брегалница
  • Тетекс – Пелистер
  • ГФК Охрид – Брера
  • Љуботен – Македонија ЃП
  • Скопје – Тиквеш
  • Кожуф – Шкупи
  • Пчиња – слободна (директно во следната рунда)

Сезоната во ПМФЛ официјално започнува на 8 август, а куп-натпреварите ќе дадат дополнителна возбуда уште во стартот на новата фудбалска година. Очекувано, натпреварите ќе бидат борбени, со оглед на тоа што за многу екипи ова е шанса да се прикажат на поширока сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во пресрет на историската сезона во Првата македонска фудбалска лига. Најново име...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција, остануваат уште неколку клубови кои ќе треба да назначат тренери бидејќи...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!