ИнтернационалциФудбал

Голем македонски талент замина во Косово – Салим Арифи потпиша со Митровица

Сподели
Сподели

Додека Победа од Прилеп се соочува со сериозни проблеми околу подготовките и неизвесноста со играчкиот кадар, клубот секојдневно бележи одлив на фудбалери. Последен во низата заминувања е младиот голгетерски бисер, Салим Арифи.

18-годишниот напаѓач ја напушти татковината и официјално потпиша двегодишен договор со косовскиот клуб Митровица. Арифи, кој е родум од Прилеп, важи за еден од најголемите фудбалски таленти на Победа, со над 100 постигнати голови во сите младински категории на клубот.

Тој има настапи и за младинските репрезентации на Македонија, а со новиот договор во Митровица, направи голем чекор во својата кариера. Според информациите, договорот содржи и откупна клаузула во висина од 100.000 евра – јасен сигнал за потенцијалот и довербата која косовскиот клуб ја има во Арифи.

Останува да се види дали талентираниот напаѓач ќе успее да се наметне и да блесне и во новата средина, но без сомнение ова е значаен трансфер во неговиот развој како професионалец.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Виолета Јанчева главна во Валандово, Илчо Пауноски го доби дуелот меѓу Менада и Ржаничино

Утре на програмата ќе бидат натпреварите од второто коло на Втората женска фудбалска лига, а Фудбалската федерација на Македонија ги одреди судиите кои...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вјолца Изеири ќе им суди на Скопје и Пелистер, Ангелчо Ристов главен во Струмица

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од осмото коло на Првата женска фудбалска лига. Колото ќе биде отворено утре со...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Пријателска во Радовиш: Детонит Плачковица против Беласица

Репрезентативната пауза ќе биде искористена за одржување на натпреварувачкиот ритам, но и...

ФудбалФутсал

КМФ Црна Река со највисоки амбиции: Поранешниот прволигаш тргнува по враќање во Првата лига

КМФ Црна Река ги започна подготовките за новата сезона во Втората футсал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!