ИнтернационалциФудбал

Хусеин Демири се сели во Косово – нов клуб за искусниот напаѓач

Сподели
Сподели

Хусеин Демири, еден од највпечатливите фудбалери на Башкими во минатата сезона, ја продолжува својата кариера надвор од Македонија. Искусниот скопски напаѓач потпиша договор со косовскиот второлигаш Вуштри, клуб кој ќе биде негов четврти ангажман во оваа земја.

Демири блескаше во дресот на Башкими, давајќи значаен придонес за пласманот на кумановскиот клуб во Првата македонска лига. Токму таа форма му ја отвори вратата кон нова интернационална авантура, а трансферот беше реализиран преку менаџерот Шендрит Заими и неговата фудбалска агенција, која сè поактивно се наметнува во регионот.

29-годишниот Демири претходно во Косово настапуваше за Феризај, Дуќагини и Призрен, а на меѓународната сцена играше и во Финска за тимот на Кеми. Во домашниот фудбал, тој го носеше дресот на неколку македонски екипи – Работнички, Македонија ЃП, Шкупи, Влазрими, Тетекс и Охрид.

Со искуството што го поседува, Демири се очекува да биде големо засилување за Вуштри и да донесе напаѓачка острина во битката за повисок пласман во косовската Втора лига.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Битола слави голема победа – Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт го урна германски Гумерсбах!

Битола вечерва повторно ја почувствува магијата на големите европски ракометни вечери! Еурофарм Пелистер приреди вистински спектакл во салата „Боро Чурлевски“, совладувајќи го германскиот...

Ракомет

Андоновски: Со борба до последен здив за секоја топка, одиме по првата сезонска победа против Струга!

В сабота од 18 часот салата „Млаз“ во Богданци повторно ќе се наполни до последното место за мечот меѓу Младост и Струга од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица ќе добие нов тренер, Раде Цицмиловиќ поднесе оставка поради лични причини

Второлигашот Беласица ќе добие нов тренер откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка и...

ФудбалЧетврта лига

Маџари го доби дуелот со Гоце Делчев, Зелениково со пет гола за Ускуп, лидерот Бујковци до три бода

Четири домашни и една гостинска победа го одбележаа осмото коло во Четвртата...

ФудбалФутсал

Шкупи во финишот до три бода, Форца со 15 гола против Клими, Осогово до голем триумф!

Поранешниот шампион Форца со неверојатни 15:1 го „разнесе“ Клими од Кавадарци во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!