Турнири

ФОТО: Еклектик и Карбинци Алфи во финалето на Малеш Куп 2025 – Голеада и драма во полуфиналето во Берово

Сподели
Сподели

Полуфиналните пресметки на Малеш Куп 2025 во Берово донесоа навистина возбудлив фудбал и го открија финалниот пар на годинешното издание на турнирот, кој со години е вистински спортски празник во источниот регион.

Во првиот полуфинален натпревар, тимот на Еклектик со минимални 1:0 го совлада составот на Pub Делчево Монополо, во тактички натпревар со многу шанси и голема борба. Херој на мечот беше Ерол Пилов, кој го постигна единствениот и победоносен погодок, доволен за пласман во финалето.

Второто полуфинале понуди вистински спектакл и голеада. Тимот на ОФК Карбинци Алфи буквално го прегази ДЕУТЗ Вих Двориште со убедливи 8:1, наметнувајќи се како главен фаворит за трофејот. Кире Крстевски блескаше со хет-трик, а по два гола постигнаа Дејан Кајсторовски и Никола Анчевски, додека еден гол додаде и Марио Антевски. За Вих Двориште почесниот погодок го постигна Кадир Амза.

ФОТО: Спортска Мрежа

Со тоа, утрешниот финален ден носи две интересни пресметки:

19:30 часот – Натпревар за трето место: Pub Делчево Монополо – ДЕУТЗ Вих Двориште
20:30 часот – Големото финале: Еклектик – ОФК Карбинци Алфи

ФОТО: Спортска Мрежа

Турнирот „Малеш Куп“ во Берово и оваа година го привлекува вниманието на бројна публика, додека Спортска Мрежа продолжува да биде медиумски покровител на настанот од 2022 година, следејќи го развојот и афирмацијата на малиот фудбалот во регионот преку „Малеш Куп“.

ФОТО: Спортска Мрежа

Дојдете утре во Берово на добар фудбал, добра храна, добра забава и дружба, ова мало гратче во источниот дел на Македонија е одличен избор и за бегство од високите температура, па планината е вистински и идеален избор.

ФОТО: Спортска Мрежа

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ојлески: „Ќе дадеме сè од себе за европско финале“ – Охрид пред најголемиот испит!

Ракометна вечер исполнета со емоции, борбен дух и верба во историски успех го очекува Охрид, кој во сабота го игра реваншот од полуфиналето...

Ракомет

Јагуриноски пред реваншот:„Играме дома и ќе дадеме максимум!“ – Охрид со срце кон финале!

Охрид е пред уште една историска вечер – европско полуфинале кое носи огромна тежина, но и шанса за подвиг што долго ќе се...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!