Турнири

Познати првите четвртфиналисти на турнирот „Ораовица 2025“ – Дивино и Мече Дел Шпед обезбедија место меѓу најдобрите!

Сподели
Сподели

Возбудувањата на турнирот „Ораовица 2025“ продолжуваат со полна пареа! Вечерва се одиграа два клучни натпревара кои решија кои ќе бидат првите екипи што обезбедуваат пласман во четвртфиналето – и двете средби понудија драма, пресврти и квалитетен мал фудбал.

Дивино – Прналија 6:4 (3:4)
Прналија имаше предност по првото полувреме и беше на пат да приреди изненадување, но Дивино одигра фантастично во вториот дел, направи пресврт и славеше со 6:4. Победата ја однесе екипата директно во четвртфиналето, каде ќе ја продолжи битката за трофејот.

Мече Дел Шпед – Баџо Компани 5:3 (2:0)
Мече Дел Шпед сигурно го отвори натпреварот и со цврста игра во првото полувреме стекна предност која не ја испушти до крај. Иако Баџо Компани се обиде да се врати, искуството и концентрацијата на Мече Дел Шпед беа пресудни за конечната победа. Тие се втората екипа што се пласира во четвртфиналето.

Турнирот „Ораовица 2025“ добива на интензитет!
Со веќе познати два четвртфиналисти – Дивино и Мече Дел Шпед – натпреварувањето влегува во завршната фаза од групите. Атмосферата на теренот и на трибините е вриежна, а љубителите на фудбалот секоја вечер се сведоци на вистински спектакли.

Следете ја Спортска Мрежа за сите новости, извештаи и фотографии од најголемиот летен турнир во мал фудбал!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Битола слави голема победа – Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт го урна германски Гумерсбах!

Битола вечерва повторно ја почувствува магијата на големите европски ракометни вечери! Еурофарм Пелистер приреди вистински спектакл во салата „Боро Чурлевски“, совладувајќи го германскиот...

Ракомет

Андоновски: Со борба до последен здив за секоја топка, одиме по првата сезонска победа против Струга!

В сабота од 18 часот салата „Млаз“ во Богданци повторно ќе се наполни до последното место за мечот меѓу Младост и Струга од...

Поврзани написи
Турнири

Уште само пет слободни места за новогодишниот турнир во Демир Хисар – награден фонд од 180.000 денари!

Интересот за новогодишниот турнир во мал фудбал во Демир Хисар е голем,...

Турнири

Стојаково повторно ќе живее за фудбалот – новогодишен турнир со награден фонд од 410.000 денари!

Стојаково и годинава ќе биде центар на фудбалските возбудувања во декември! На...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!