Ракомет

Славчо Ристески: Мислам дека често ќе се радуваме оваа сезона!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Амбициозниот клуб од градот под Самуиловата Тврдина- ГРК Охрид, најавува сериозна борба во ракометната Супер лига, во новата сезона. Имено, клубот официјално започна со подготовките и тренинзите, заангажирано тренира, воигрувајќи се со новиот тренер, и новите бројни засилувања. Формата ќе ја темпира и со учествата на ,, Струшкиот Турнир “, од 13-16 Август, како и  на Меѓународниот Турнир ,, Крсте Андоновски “, во улога на домаќин. Исто така, предвидено е и да се одиграат неколку пријателски средби со екипата на Алкалоид.

Спортскиот директор на клубот- Славчо Ристески, во изјава за медиуми истакна дека подготовките ќе се одвиваат во Охрид, а формата ќе се темпира со учествата на горенаведените турнири:

Базичните подготовки ќе се одвиваат во Охрид, нашиот град има одлични услови за тоа. Учествуваме на “Струшкиот Турнир” од 13-16 август и ќе одиграме 3 натпревари, потоа ни следи Меѓународниот Турнир “Крсте Андоновски” каде ќе одиграме 4 натпревари. Турнирот е во наша организација кој од година во година е се подобар и подобар, па пред првиот натпревар во Македонската машка ракометна лига со екипата на Алкалоид можно е да одиграме уште еден-два подготвителни натпревари.

Тој смета дека Охрид има големи шанси во ЕХФ Европскиот Куп за поголем успех од лани, но полека и фокусирано, резултатите сами ќе дојдат и се надева дека ќе имаат многу причини за радост во новата сезона:

Во ЕХФ Европскиот Куп сме носители и имаме “лесен противник” кој фокусирано треба да се одработи, па чекор по чекор со мала среќа во ждребот барем да ја “презимиме” Европа и да ја полниме СРЦ Билјанини Извори и во февруари. Посакувам сите играчи пред се да се здрави, а со нивниот квалитет позитивните резултати ќе дојдат. Со одличниот стручен штаб, на чело со нашиот тренер Ројевиќ, како и со поддршката на нашата верна публика мислам дека често ќе се радуваме во оваа сезона- додава спортскиот директор на ГРК Охрид, Славчо Ристески.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!