Трета лигаФудбал

ФОТО: Фудбалскиот терен во Росоман во очајна состојба – пример како не треба да изгледа еден терен!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот терен во општина Росоман е во очајна состојба, далеку од терен на кој треба да се игра фудбал или пак терен кој треба да понуди одлични услови за игра.

На овој терен настапува ФК Росоман 83, клуб кој во минатото беше дел и од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) – Исток, но само една сезона, бидејќи тимот експресно се врати во Трета лига – Југ.

Од фотографиите може да се виде дека тревникот е целосно изгорен, зелена трева речиси и да нема, обрасната трева, теренот не е обележан, а ниту пак мрежите на головите не се во некоја добра кондиција.

Во секој случај ова не е добра слика за тоа како треба да изгледа еден фудбалски терен, а повеќе од сигурно е дека овој терен го очекува многу работа со цел да се врати во потребното руво, за да може да има идеални услови третолигашот Росоман 83 да ги игра своите натпревари.

Ова е пример како не треба да изгледа еден фудбалски терен и пример дека треба да се води многу поголема грижа за фудбалските терени, бидејќи лесно е да се изгради, тешко е да се одржува, барем тоа можеме да го заклучиме од овие фотографии.

Пример за тоа како треба да изгледа еден терен особено на екипа која е дел од Трета лига или Четврта лига е теренот на ФК Македонија Агино во кумановско Агино Село, а за што Спортска Мрежа веќе има објавено.

ФОТО: Теренот на ФК Македонија Агино во перфектна состојба за дербито со Четирце

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Кожуф меѓу четирите најдобри во Македонија: Генерацијата 2018 донесе нов успех за гевгелискиот клуб

Фудбалскиот клуб Кожуф продолжува да ја потврдува квалитетната работа со младите категории, откако генерацијата 2018 освои пехар на завршниот турнир во Детската лига...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Јанг Тим шампион во ФФМ Детската лига: Стружани ја освоија титулата, Илиоски прогласен за најдобар голман

Фудбалската школа Јанг Тим од Струга уште еднаш потврди дека е една од најквалитетните и најорганизираните школи во Македонија, откако генерацијата 2014 стана...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФОТО: Кожуф меѓу четирите најдобри во Македонија: Генерацијата 2018 донесе нов успех за гевгелискиот клуб

Фудбалскиот клуб Кожуф продолжува да ја потврдува квалитетната работа со младите категории,...

Втора лигаТрета лигаФудбал

Камјани испрати силна порака по историскиот успех: Во Штип победија фудбалот, почитта и пријателството

Фудбалскиот клуб Камјани испиша една од најубавите приказни на македонската фудбалска сцена...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!