Турнири

Оливер Промет со „лото“ победа на „Ораовица 2025“, Дивино пресилен со пет погодоци!

Сподели
Сподели

И вечерва публиката во Ораовица имаше што да види – четири натпревари, вклучувајќи и еден во младинска конкуренција, со вкупно 32 гола и голема борбеност на теренот. Турнирот полека влегува во клучната фаза, а екипите покажуваат сè поголема желба за пласман понатаму.

  • Резултати од среда, 23 јули:

ЖФК Изведен – ЖФК Серта Конче 5:2 (младинска категорија)
Младите фудбалерки на ЖФК Изведен блескаа на теренот и со сигурна игра ја совладаа екипата на ЖФК Серта Конче, најавувајќи дека женскиот фудбал во регионот има светла иднина.

Прналија – Ипа Струмица 3:4
Во неизвесен натпревар со многу шанси, Ипа Струмица успеа да стигне до минимална, но значајна победа над упорната екипа на Прналија.

Оливер Промет – Серта Конче 7:5
Натпревар со најмногу голови вечерва – вистинска фудбалска престава! Оливер Промет беше поефикасен во дуелот со Серта Конче, во меч кој го крена цел терен на нозе.

Дивино – Баџо Компани 5:1
Уште една доминантна партија на Дивино, кои со оваа победа најавуваат сериозна кандидатура за елиминациската фаза. Баџо Компани немаше одговор на притисокот на фаворитот.

Турнирот „Ораовица 2025“ продолжува со полн интензитет! Борбата за пласман во осминафиналето станува сè поинтересна, а публиката секоја вечер ужива во врвен фудбал.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан во Ораовица, Радовиш.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“. Вечерва публиката беше сведок на неверојатен...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој на стартот понуди четири атрактивни натпревари со многу погодоци. Првиот меч...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!