Турнири

Отворени пријавувањата за турнирот во мал фудбал „28-ми август“ кој се игра во Пробиштип

Сподели
Сподели

Започнаа пријавувањата за учество на традиционалниот турнир во мал фудбал „28-ми август“ кој се игра во Пробиштип.

Турнирот традиционално се организира по повод Успение на Пресвета Богородица и Денот на рударите.

Пријавувањето ќе биде отворено до 11 август од 19 часот, кога и ќе се изврши извлекување на екипите.

Котизацијата за учество на турнирот изнесува 6.000 денари, а организаторот годинава предвидува поголеми парични награди.

Првопласираната екипа ќе освои 150.000 денари, а пак второпласираната екипа ќе добие 50.000 денари.

Исто така, предвидени се и индивидуални награди, со тоа што најдобриот голман ќе освои 5.000 денари, а исто така 5.000 денари ќе освои и најдобриот играч.

Пријавувањето на екипа можете да го направи на 078 387 765.

Спортска Мрежа и годинава, како и во изминатите неколку години медиумски ќе го поддржи овој турнир, а на кој учествуваат екипи од цела Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Скопје ја посакува првата победа на дуелот против Арсими

Тежок распоред имаше новиот прволигаш Скопје во првите четири кола од шампионатот. „Скопјани“ во досегашниот дел од сезоната се соочија со екипи кои...

Прва лигаФудбал

Јакупи: Ќе дадеме се од себе за да прославиме уште една победа со нашите навивачи

По важната гостинска победа над Шкендија Арачиново, екипата на Арсими влегува со максимална мотивација и позитивна атмосфера во пресрет на натпреварот од 5....

Поврзани написи
Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!