Турнири

Оливер Промет преку пенали до триумф, Црна Река со убедлив триумф и пораз од Фурна Марфи на „Ораовица 2025“

Сподели
Сподели

Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2025“ влезе во својата најжешка фаза – вечерва се одиграа четири натпревари исполнети со емоции, пресврти и голови.

  • Резултати од понеделник, 21 јули:

Оливер Промет – Еклер Транс Пепелиште 3:3 (пенали 4:1)
Возбудлив дуел во групата А! По ремито од 3:3 во регуларниот дел, Оливер Промет беа поуспешни во пенал-серијата и ги освоија дополнителните бодови.

Мена Транс – Ан-Са и Валаски 7:4
Екипата на Mena Trans конечно дојде до првата победа, во натпревар богат со голови и пресврти. Со оваа победа, тие се вратија во битката за пласман понатаму.

Црна Река – Бунарџик 6:1
Црна Река уште еднаш покажа дека е сериозен кандидат за висок пласман. Со убедлива победа над Бунарџик, тие се зацврстија на врвот на групата Г.

Фурна Марфи – Црна Река 3:1
Во дербито на вечерта, Фурна Марфи ја прекина серијата на Црна Река со одлична игра и победа која може да биде клучна во распределбата на позициите во групата.

„Ораовица 2025“ продолжува со врвен фудбал, полни трибини и исклучителна атмосфера! Секоја вечер носи нови приказни и борба за секој бод.

Спортска Мрежа ќе продолжи да ги следи сите натпревари, со ексклузивни извештаи, фотки и резултати.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Естонките ја потврдија доминацијата, Македонија повторно поразена

Естонија уште еднаш ја потврди својата физичка и резултатска надмоќ, овојпат и на гостувањето во Штип. Во спортскиот центар „Џексон“, гостинската репрезентација ја...

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Поврзани написи
Турнири

Стојаково повторно ќе живее за фудбалот – новогодишен турнир со награден фонд од 410.000 денари!

Стојаково и годинава ќе биде центар на фудбалските возбудувања во декември! На...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!