Ракомет

Четиринаесет екипи ќе ја сочинуваат Првата ракометна лига во сезоната 2025/26 – нов систем на натпреварување без плеј-оф и плеј-аут

Сподели
Сподели

Првата ракометна лига на Македонија во новата сезона 2025/26 ќе брои 14 екипи, без нови учесници, но со значајна промена во системот на натпреварување. За разлика од минатата сезона, кога екипите беа поделени во две групи, а потоа се играше плеј-оф и плеј-аут, од оваа сезона ќе се игра по класичен двокружен бод-систем.

Секој тим ќе одигра по 26 натпревари — по 13 дома и на гости — а победникот во првенството директно ќе се пласира во Суперлигата. Второпласираната екипа ќе има шанса за елитен статус преку бараж дуел со претпоследниот тим од плеј-аут фазата на Суперлигата.

Од екипите што лани настапуваа во Првата лига, од конкуренцијата се повлекоа Металург РА и Скопје, додека Еурофарм Пелистер 2 се врати во Суперлигата како шампион. Борец ФЛ од Велес беше исфрлен од Суперлигата, а со тоа нема право да се приклучи ниту во прволигашкото друштво.

Во новата сезона, место во лигата ќе имаат Текстилец од  Штип, Преспа Вардар од Ресен, Младост Богданци, Мулти Есенс, Македонија ЃП, Драчево Јуниор, Аеродром, Партизан Гевгелија, Астраион од Струмица, Овче Поле од Свети Николе, Вардар Неготино, Кичево, Шампион и Јехона од Гостивар.

Особено внимание ќе привлече амбициозниот тим на Младост Богданци, кој се наметнува како еден од фаворитите за шампионската титула, како и Мулти Есенс, кој минатата сезона не успеа да се врати во елитата преку баражот.

Според најавите од РФМ, во следниот период ќе бидат објавени натпреварувачкиот календар и датумот на стартот на сезоната. Новиот формат ветува динамична и интересна сезона со поголем број натпревари и директна битка за промоција во Суперлигата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!