Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Даниел Андоновски е ново засилување за РК Младост 1977!

Сподели
Сподели

Екипата на РК Младост 1977 од Богданци продолжува со засилувањата за новата сезона и амбициозната цел – пласман во Суперлигата. Трето ново име во тимот е ракометарот Даниел Андоновски, кој доаѓа од суперлигашот ГРК Тиквеш од Кавадарци.

Андоновски е 23-годишен ракометар кој настапува на левата бековска позиција, висок е 192 сантиметри и важи за физички доминантен и искусен играч. Освен настапите во македонската Суперлига, зад себе има и меѓународно искуство играјќи за неколку европски клубови, што го прави исклучително значајно засилување за тимот од Богданци.

Договорот е најмалку на една година, а од него се очекува да биде еден од носечките играчи во сезоната што следи, во која РК Младост 1977 ќе атакува на самиот врв и директен влез во елитното друштво на македонскиот ракомет.

Клубот му посака добредојде на новиот член, кој наскоро ќе му се приклучи на тимот на подготовки.

Претходно, екипата се засили со младиот Гоце Аргиров и искусниот Србин Лазар Адамовиќ, а за нов тренер беше претставен Горан Андоновски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!