Прва лигаФудбал

Новиот прволигаш Арсими ја продолжи соработката со најважните играчи!

Сподели
Сподели

Новиот прволигаш Арсими за новата сезона информираше дека е продолжена соработката со најголем дел од фудбалери со кои минатата сезона тимот од Чегране испиша историја – пласирајќи се по првпат во фудбалската елита на Македонија.

Арсими ја продолжи соработката со голманот Вулнет Ислами, Ајрадин Цуцули, Мухедин Дардишта, потоа со бекот Џезаир Авдули кој одбил други понуди за да остане верен на „жолто-црниот“ дрес, Арџент Гафури, талентот играч од среден ред Суби Мустафа и искусниот играч за врска Малик Белули.

Во нападот и натаму останува искусниот Шпенд Асани, перспективниот Албан Таипи и најдобриот стрелец на Арсими и во Втората лига, Албин Рамадани.

Со продолжувањето на договори на овие играчи Арсими потврдува дека ќе има амбиции во Првата лига, а секако дека главната цел ќе биде директен и сигурен опстанок и што повисок пласман на прволигашката табела.

Дебитантот во Првата лига подготовките ќе ги започне на 1 јули, а втората фаза од подготовките ќе се реализира во Охрид. Според информациите на Спортска Мрежа во следниот период ќе бидат претставени и првите засилувања во Арсими.

Тука исто би додале дека Спортска Мрежа најавуваше дека Арсими ќе биде дел од елитата уште пред неколку сезони кога клубот беше дел од Трета лига – Запад, многумина тогаш не веруваа во тој проект, но анализите на Спортска Мрежа се потврдија, Арсими сега е дел од елитата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!