Ракомет

Првото „Езерско дерби“ ќе се игра во Охрид – Струга доаѓа на жешко гостување во „Билјанини Извори“

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Еден од најочекуваните натпревари во македонскиот ракомет – „Езерското дерби“ меѓу ГРК Охрид и РК Струга ќе се одигра уште во второто коло од новата сезона, и тоа во „Билјанини Извори“ каде охриѓани ќе бидат домаќини.

Атмосферата во салата се очекува да биде жешка, бидејќи дербито меѓу двата ривалски града крај Охридското Езеро секогаш привлекува големо внимание и полни трибини.

ГРК Охрид ќе ја започне сезоната со тешко гостување кај амбициозната екипа на РК Алкалоид, додека покрај дуелот со Струга, ќе ги очекуваат и серија силни натпревари против Вардар 1961, Еурофарм Пелистер и уште неколку директни конкуренти за горниот дел од табелата.

  • Распоредот за првите 11 кола – есенскиот дел:

РК Алкалоид – ГРК Охрид

ГРК Охрид – РК Струга (Езерско дерби)

РК Вардар 1961 – ГРК Охрид

РК Еурофарм Пелистер 2 – ГРК Охрид

ГРК Охрид – ГРК Тиквеш

РК Еурофарм Пелистер – ГРК Охрид

ГРК Охрид – РК Радовиш

РК Прилеп – ГРК Охрид

ГРК Охрид – МРК Куманово

РК Бутел Скопје – ГРК Охрид

ГРК Охрид – РК Пролет 62

Охриѓани се надеваат на силен старт и добар пласман во првиот дел од сезоната, а особено внимание ќе биде насочено кон дерби-средбите и домашните натпревари пред верната публика.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската У19 репрезентација на Македонија го доби вториот дуел со Косово, Галабовска и Грозданова стрелци на головите

Женската репрезентација на Македонија до 19 години забележа победа од 3:1 против соодветната селекција на Косово во вториот контролен натпревар меѓу двете репрезентации....

Ракомет

Алкалоид го започнува европскиот пат: Австриски Келаг Ферлах доаѓа во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид се подготвени за нов европски предизвик, а првата пречка на патот во ЕХФ Европскиот Куп ќе биде австрискиот претставник Келаг...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид го започнува европскиот пат: Австриски Келаг Ферлах доаѓа во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид се подготвени за нов европски предизвик, а првата пречка...

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!