Турнири

Стартуваше „Црнилиште Куп 2025“: Даути Градба и Медио Петрол со успешно отварање!

Сподели
Сподели

Синоќа започна 5. издание на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2025“ со четири натпревари.

Во првиот меч екипата на Даути Градба со лесни и убедливи 3:0 го отвори турнирот против Мултификс. Во вториот меч публиката уживаше во пет погодоци и многу неизвесност, но тимот на Медио Петрол загуби со 3:2 од Alldance.

Третиот меч во регуларниот дел немаше победник откако Мултификс и JBVR ремизираа играјќи 1:1, а во пенал рулетот со 2:3 подобра беше екипата на JBVR.

Во третио меч одново немаше победник, откако Даути Градба и тимот на JBVR одиграа 0:0, а во пенал серијата овој пат беше подобра екипата на Даути Градба со 3:2.

Спортска Мрежа беше на отварањето на турнирот, неверојатна атмосфера, многу публика, одлична организација и добри домаќини. Топла препораката да го посетите турнирот и да уживате во одличниот фудбал.

Во следните денови преку мала емисија ќе ви ја доловиме атмосферата од турнирот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!