Турнири

(ФОТО) „Ресен 2025“: АПС Пак против Пекара Александар во големото финале, ќе биде неизвесно и за третото место!

Сподели
Сподели

Вечерва е последниот дел од овогодинешното издание од Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2025“, успешната фудбалска приказна ќе се затвори со два натпревари, односно со мечот за третото место и големото финале.

Во натпреварот за трето место ќе се соочат екипите на Центар Бела Црква Прилеп против Хризантема во меч кој ќе започне во 20 часот.

Од 21 часот е предвиден ревијален меч, а пак во големото финале од 22 часот на мегдан одат АСП Пак против Пекара Александар.

Екипата на АСП Пак во финале стигна откако со 1:0 славеше над Центар Бела Црква Прилеп, додека пак Пекара Александар преку пенал-рулетот се избори за финалето, откако ремизираше играјќи 1:1 во регуларниот дел против Хризантема, а во пенал рулетот финалистот беше подобар со 4:1.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!