Ракомет

Ѓорѓески: Имавме голема мотивација да го добиеме мечот, следната сезона можеме до поголеми успеси!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид и следната сезона ќе игра во Европа, откако во последното коло го декласираше Тиквеш со 32:23 и заврши на четвртото место во плеј-офот кое место значи и играње во Европскиот Куп.

Голманот на Охрид, Даниел Ѓорѓески, за Спортска Мрежа вели дека иако резултатски Охрид убедливо го добил мечот, сепак не било така лесно на теренот, но вели дека пресудна била желбата и големата мотивација.

„Иако немаше многу големи возбудувања, ова сепак беше натпревар за четврто место, ова беше натпревар за Европа. Не беше така лесно како што изгледаше на терен, пресудно беше, јас мислам, желбата- имавме голема мотивација, го чекавме овој натпревар и многу го посакувавме тоа четврто место до излез во Европа втора година по ред, останавме сите фокусирани покрај некои порази што беа болни за нас и повреди што ги имавме, исто така. Сепак, останавме фокусирани до крај и ја остваривме целта“, изјави голманот на Охрид, Даниел Ѓорѓески за Спортска Мрежа.

Искусниот голман смета дека следната сезона ќе имаат поквалитетна екипа, смета дека можат до поголеми успеси и се надева на трофеј во наредните години.

„Следната сезона доаѓа нов тренер, нови засилувања ќе бидеме појака екипа од оваа сезона, мислам дека прво ќе треба да се воиграме сите заедно, ние што ќе останеме со тие што ќе дојдат. Мислам дека можеме да оствариме поголеми успеси и се надевам дека во наредните години ќе успееме да освоиме и трофеј“, додава Ѓорѓески.

Ѓорѓески низ својата кариера во дресот на Вардар двапати ја има освоено Суперлигата, еднаш Купот и двапати Суперкупот, исто така двапати ја има освоено СЕХА лигата, а еднаш и Лигата на шампионите, додека пак во дресот на Металург еднаш ја освои Суперлигата, а еднаш Купот.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Ракомет

Пелистер по нова победа: Ловќен е следниот предизвик за битолчани!

Еурофарм Пелистер вечерва го игра вториот натпревар во новата сезона од Регионалната лига, а по успешниот старт против Партизан, битолчани повторно ќе играат...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер по нова победа: Ловќен е следниот предизвик за битолчани!

Еурофарм Пелистер вечерва го игра вториот натпревар во новата сезона од Регионалната...

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан...

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот...

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!