Трета лигаФудбал

Познати се сите екипи во Трета лига – Север, еве како ќе изгледа сезоната 2025/2026

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Со одигрување на вчерашниот бараж натпревар меѓу Бујковци и Беса од Сарај познати се сите екипи кои ќе се натпреваруваат во Трета лига – Север во сезона 2025/2026.

Вкупно 14 екипи ќе се натпреваруваат во најголемиот третолигашки регион, регион кој е најтежок да се избори опстанок со оглед на силната конкуренција и фактот што испаѓаат дури три екипи.

Во новата сезона ќе се натпреваруваат Во новата сезона во Трета лига – Север ќе играат Фортуна, Еуромилк ГЛ, Куманово, Ржаничино, БВК Коњаре, Аеродром, Беса Влазрими, Пчиња, Кадино, Башкими Љуботен и новите третолигаши Студеничани, Отља, Лопате и Беса Сарај.

Екипата на Студеничани како шампион на ОФЛ Кисела Вода директно без да игра бараж влезе во Трета лига – Север, Отља доаѓа како шампион на ОФЛ Липково, Лопате како шампион на ОФЛ Куманово, а пак Беса од Сарај како шампион на шампион на ОФЛ Скопје.

Колку за потсетување првопласираната екипа обезбедува бараж за можен влез во Втора лига, а пак последните три екипи директно испаѓаат во Општинската фудбалска лига или Четврта по ранг на натпреварување.

Од Трета лига – Север испаднаа екипите на Њу Старс, Риниа 98 и Академија Илинден.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!