ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен го декласираше Подгор со ОСУМ гола, Василево го „потопи“ Интер Кукла, Банско со сигурна победа

Сподели
Сподели



Екс третолигашот Василево однесе огромна победа на домашен терен совладувајќи го Интер Кукла со резултат од 9:0, во меч од 3. коло на Општинската фудбалска лига во Струмица.

Дури двајца фудбалери за домашниот тим постигнаа по три гола – Оливер Христов и Драги Глигоров, Адријан Николов беше двоен стрелец, а пак еден гол постигна Мите Митров.

Најголемата пак, гостинска победа, ја имаше Готен од Подареш, откако со 1:8 го декласираше Подгор од Колешино.

За тимот од Подареш по два гола постигнаа Даниел Бојчев и Зоран Спасов, а пак по еден гол постигнаа Никола Божинов, Бојан Митев, Благој Василев и капитенот Иван Конзулов.

За домашниот тим единствен стрелец беше Филип Каменаров, кој погоди во 80. минута од мечот.

Банско во гости забележа сигурна победа од 0:2 над Илинден во Добрејци. Мурат Асанов погоди во 40. минута за отварање на резултатот, а во вториот дел Никифор Милчовски во 55. минута ја потврди победата.

Слога од Злеово и Напредок од Радово ремизираа играјќи 3:3. Гостинот преку Никола Сирачев во 6. минута го отвори резултатот, а потоа домашниот тим направи пресврт преку Наце Ѓоргиев и Славе Митев за водство од 2:1 во 31. минута, но само четири минути подоцна Иљчо Митев за 2:2 на полувреме.



Во вториот дел Кристијанчо Митков беше стрелец во 50. минута за ново водство на домаќинот од 3:2, додека пак Митев со втор гол девет минути подоцна погоди за конечни 3:3.

Немаше победник ниту на мечот меѓу Спартмани и Муртино (2:2). Гостинот пропушти два гола предност и мораше да се задоволи само со бод, откако на полувреме имаше 0:2 со головите на Филип Трајков и Борче Илиев.

Во вториот дел Спартмани во 70. минута преку Димитар Колев намали на 1:2, а осум минути подоцна Васе Митев израмни на конечните 2:2.

Грозд ги освои трите бодови во дуелот со Сачево со резултат од 3:2. Домашниот тим имаше два гола предност преку Окан Дураков и Ирфан Дестанов, а потоа гостинот намали на 2:1 преку Џоко Стоилов.

До крајот на првиот дел домашниот тим дојде до предност од 3:1 преку Александар Георгиев. Во второто полувреме Васко Глигоров ги постави конечните 3:2.

Колото ќе се одигра со средбата меѓу Единство и Струмешница, кој ќе се одигра во друг термин.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен го декласираше Подгор со ОСУМ гола, Василево го „потопи“ Интер Кукла, Банско со сигурна победа

Екс третолигашот Василево однесе огромна победа на домашен терен совладувајќи го Интер Кукла со резултат од 9:0, во меч од 3. коло на...

Останати репрезентацииРепрезентација

Федерацијата за планинарство организира едукативни предавања за безбедно планинарење во зимски услови

Со цел подигнување на безбедноста на планинарите и намалување на ризиците и несреќите на планините во текот на зимската сезона, Федерацијата за планинарство...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Пелистер со неверојатна одбрана: Натаниел Димовски е 720 минути без примен погодок, додека пак Пелистер 779 минути

Пелистер ја има најдобрата одбрана во Втората македонска фудбалска лига по девет...

Фудбал

„Допри го голот – Фудбал за секое дете“, фудбалот ги обедини учениците преку инклузија и пријателство

Фудбалот како универзален јазик на пријателството, соработката и инклузијата беше во фокусот...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Кога се решава дербито, се појавува Калина: Попески блеска во дресот на Љуботен

Шест гола, единаесет асистенции и настапи со кои се издвојува меѓу најдобрите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!