Останато

Ѓорческа со голем пресврт ја елиминираше третата носителка во Истанбул

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на ИТФ W50 турнирот во Истанбул, откако по голем пресврт ја совлада третата носителка, домашната тенисерка Берфу Ченгиз, со 2:1 во сетови (3:6, 7:6(1), 6:4). Мечот траеше два часа и две минути.

Ѓорческа имаше тежок почеток и го загуби првиот сет со 3:6, откако Ченгиз поведе со убедливи 5:1. Сепак, македонската тенисерка не се предаде и во продолжението успеа да го промени текот на мечот.

Во вториот сет двете тенисерки направија по два брејка, па победничката мораше да биде решена во тајбрејк. Таму Ѓорческа одигра сигурно и доминантно, дозволувајќи ѝ на противничката да освои само еден поен, за израмнување на 1:1 во сетови.

Во решавачкиот сет следуваше нов пресврт. Ченгиз поведе со 3:0, но Ѓорческа брзо се врати во игра и израмни на 3:3. По 4:4 во гемови, македонската тенисерка ги освои преостанатите два гема, вклучително и брејкот во деветтиот гем, со што ја потврди победата од 6:4.

Ова беше втора победа за Ѓорческа во третиот меѓусебен дуел со Ченгиз.

Во следното коло македонската тенисерка ќе се соочи со Ралука Шербан од Кипар, која во првото коло ја совлада Екатерина Тупицина со 2:0 во сетови (6:3, 6:4). Ѓорческа и Шербан досега одиграле седум меѓусебни натпревари, а македонската тенисерка има предност од 4:3 во победи.

Турнирот во Истанбул се игра за награден фонд од 40.000 американски долари.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Ѓорческа со голем пресврт ја елиминираше третата носителка во Истанбул

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на ИТФ W50 турнирот во Истанбул, откако по голем пресврт ја совлада третата носителка, домашната...

Останато

Штип УГД и Струмица 47&72 без пораз по вторите турнири кај младинците

Викендов се одиграа вторите турнири во машката младинска конкуренција, по кои Штип УГД во групата А и Струмица 47&72 во групата Б се...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД и Струмица 47&72 без пораз по вторите турнири кај младинците

Викендов се одиграа вторите турнири во машката младинска конкуренција, по кои Штип...

Останато

Три македонски одбојкарски екипи во европска акција, Штип УГД пред историски предизвик

Три од четирите македонски претставници во европските клупски одбојкарски купови неделава ги...

Останато

Јонузи и Милевска во европска акција, Фасулева продолжува со победите во Албанија

Македонските одбојкарски репрезентативки и интернационалки Ерјона Јонузи и Андротеа Милевска в четврток...

Останато

Ристовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливање

По повеќе од 12 години, македонското пливање конечно исплива на површина. Националната...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!